Утрински Весник
Македонија

Царовска: Пандемијата ја покажа улогата и придонесот на науката и технологијата во справувањето со предизвици

Царовска: Пандемијата ја покажа улогата и придонесот на науката и технологијата во справувањето со предизвици

Особено во изминатите неколку месеци се докажа круцијална улога на науката и технологијата и нивниот придонес во справувањето со глобалните предизвици, како што е пандемијата предизвикана од корона вирусот и затоа влогот во овие сегменти мора постојано да се зголемува, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска на денешната онлајн конференција „Иновација во образованието: поврзување на општествените и хуманистичките науки“, организирана од страна на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во соработка со Универзитетите во Утрехт и Софија во рамки на Еразмус плус програмата, Клучна акција 2.

Министерката нагласи дека веќе неколку месеци се работи на планско и континуирано обезбедување на средства наменети за науката, преку грантово, проектно и програмско финансирање.

„Од годинава за првпат Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за образование и наука преку грантовското финансирање додели 34 иновациски ваучери со вкупна вредност од 15 милиони денари коишто треба да го поттикнат развојот на науката во нашата држава. Преку овие иновациски ваучери, коишто ќе ги доделуваме и во иднина, од една страна вложуваме во иновацијата, отвораме можности за младите директно да учествуваат на проекти кои можат да ја обликуваат нивната кариера, а од друга страна им овозможуваме на компаниите да ја зголемат својата конкурентност“, истакна Царовска.

Таа додаде и дека Министерството за образование и наука од идната година воведува поддршка за национални истражувачки програми, а очекувањата се во 2022 година да се воведе програмско финансирање кое ќе се спроведува во континуитет и ќе биде предвидено со целосно нов Законот за научно истражувачка дејност.

Како што рече на крајот од своето излагање, целта на Владата е да направи суштинска промена во третирањето на науката и високото образование и да се зголеми нивото на јавни вложувања во високото образование и научноистражувачката дејност како отсто од БДП.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег