Утрински Весник
Македонија

Царовска: За стартот на новата учебна година ќе информирме пред август

Царовска: За стартот на новата учебна година ќе информирме пред август

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска им го честита крајот на учебната година на сите ученици и наставници.

Таа рече дека за стартот на новата учебна година ќе информираат навремено, односно пред август.

„ Се што не е потврдено како информација е шпекулација. Министрите не шпекулираат туку изнесуваат факти. Токму затоа изјавувам дека Министерството за образование заедно со Министерството за здравство, комисијата за заразни болести и кабинетот на премиерот разгледуваат кои се можностите за почнување на учебната година од септември. Во моментот кога ќе има официјална информација таа ќе ѝ биде соопштена на јавноста и тоа нема да биде во август туку многу порано“, рече Царовска.

Можете да прочитате

Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

МВР и ОЈО на терен, истрага по рекордната заплена на марихуана