Утрински Весник
Македонија

Царовска, Жбогар, Мантованели и Шишак ќе присуствуваат на настан во винариите ,,Попова кула” и ,,Лазар”

Царовска, Жбогар, Мантованели и Шишак ќе присуствуваат на настан во винариите ,,Попова кула” и ,,Лазар”

Неготино, 14 февруари 2020 (МИА) – Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, евроамбасадорот  Самуел Жбогар, директорот на канцеларијата на Светска Банка Марко Мантованели и директорката на проектот за локална и регионална конкурентност Антонија Шишак, денеска ќе ги посетат Демир Капија и Неготино.

Тие ќе присуствуваат на настанот „Одбери ново винско доживување“ во винарските  визби „Попова Кула“ и „Лазар“.

По повод празникот „Свети Трифун”, покрај традиционалното закројување на лозјата, овие винарници како дел од туристичка дестинација Тиквеш и околината, ќе ги промовираат резултатите од завршените потпроекти поддржани од страна на проектот  за локална и регионална конкурентност. свд/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДУИ: Северна Македонија остана надвор од мапата на ЕУ за пристапување

СДСМ: ВМРО-ОКГ призна пад на довербата од 40% па објави дека народот живее добро поради Гета и дека сака да го викаат талог

ДОМ: Време е за системско решение за дивите и нестандардните депонии