Утрински Весник
Македонија

Седми Саем на домашно вино во Општина Илинден

Седми Саем на домашно вино во Општина Илинден

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Традиционалниот Саем на домашно вино денеска по седми пат ќе се одржи во населеното место Ајватовци, Општина Илинден, во рамките на одбележувањето на големиот верски празник и празник на лозарите – Свети Трифун.

Како што информираат организаторите, на овој своевиден вински фестивал на којшто ќе учествуваат повеќемина винопроизводители од Општина Илинден ќе биде извршен избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин. Изборот ќе го извршат членовите на „Вински витези“ од Македонија – здружение коешто се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура.

Свеченоста ќе почне во 8:00 часот со божествена литургија во црквата „Свети Трифун“, потоа ќе следува симболично закројување на лозовите насади, со што ќе биде означен почетокот на годинашниот Саем на домашно вино. вг/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, уапсени пет лица

Од почетокот на системот Безбеден град евидентирани се 310.865 прекршоци, 180.378 се за возила со странски регистарски ознаки