Утрински Весник
Економија

Царовска: Дуалното средно образование е можност за добро вработување

Царовска: Дуалното средно образование е можност за добро вработување

Министерката за образование Мила Царовска и претставници на Делегацијата на германското стопанство во Македонија денес посетија средни стручни училишта во Велес и Кавадарци каде се реализира дуално образование по германски модел и имаа работни средби со претставници на партнерските компании каде се изведува практична настава.

Од ресорното Министерство информираат дека оваа учебна година дуално образование посетуваат вкупно 220 ученици. Од нив, годинава се запишани 85 ученици.

Царовска вели дека стручното образование продолжува и во услови на пандемија како одговор на потребите на стопанството за квалитетен и добро обучен кадар.

„Практичното (дуално) образование е одличен начин младите уште во текот на средното образование да се насочат кон професии кои се барани од компаниите, но и да дознаат што значи работа во реални услови. На овој начин обезбедуваме поголема вработливост на младите кои го завршиле стручното образование. Дури и во вонредни услови во кои се одвива образовниот процес оваа година овозможивме учениците од средните стручни школи да ја продолжат практичната настава. Секако, таа се реализира под посебни протоколи, со кои се гарантира нивна заштита“, изјави министерката.

Во Велес, во ССУ „Коле Неделковски“ учениците се обучуваат во струката Техничар за производно машинство, а практичната обука се изведува во компаниите „Брако“ и „Маркарт“ . Во Кавадарци, во средното стручно училиште „Киро Спанџов-Брко“, учениците се обучуваат во струката Техничар за индустриска мехатроника, а практичната обука ја извршуваат во компанијата „Дрекселмајер“.

Во програмата за дуално образование се вклучени 7 училишта од 7 општини и 12 компании. Дуалното образование се реализира во Велес, Кавадарци, Охрид, Битола, Прилеп, а од оваа година во Скопје и Тетово.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат

СДСМ најавува седумчасовен работен ден во три сектори од 2025

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден