Утрински Весник
Свет

Британија ќе забрани влез за граѓани од ЕУ кои биле во затвор повеќе од една година

Британија ќе забрани влез за граѓани од ЕУ кои биле во затвор повеќе од една година

Велика Британија објави дека од јануари ќе воведе нови правила за забрана за влез на лица од Европската унија со криминално досие, што значи дека ќе бидат третирани исто како и луѓето од остатокот од светот.

Овластувањата ќе стапат на сила на 1 јануари, кога завршува неформалното членство на Велика Британија во ЕУ и таа повеќе не мора да ги почитува правилата на ЕУ за слободно движење.

„Предолго, правилата на ЕУ нè принудија да пуштиме опасни странски криминалци на нашите улици кои ги злоупотребуваат нашите вредности и го загрозуваат нашиот начин на живот“, рече министерката за внатрешни работи, Прити Пател.

„Велика Британија ќе биде побезбедна благодарение на построгите и поправедни гранични контроли, каде странските криминалци, без оглед на националноста, ќе бидат предмет на истата криминалистичка легислатива“.

Со амандманите, кои треба да бидат изгласани пред парламентот денеска, ќе се забрани влез на лица осудени на најмалку една година затвор во Британија. На оние со пократки казни може да им се забрани влез во зависност од нивните случаи, а влезот во Велика Британија во одредени околности може да биде забранет дури и на лица кои не се осудени со затворска казна.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Гренланд го запира нафтениот проект на Трамп

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени