Утрински Весник
Економија

Царовска во посета на компании во Кисела вода: Со првите два сета мерки зачувавме над 60.000 работни места

Царовска во посета на компании во Кисела вода: Со првите два сета мерки зачувавме над 60.000 работни места

Вицепремирката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, заедно со градоначалникот на општината Кисела Вода, Филип Темелковски, реализираа посета на компаниите Мако маркет и Флора компани, кои работат во оваа општина, кадешто разговараа со менаџментот на компаниите за Владините мерки за поддршка во услови на корона кризата, како и за генералните Владини политики за економски раст и развој на Република Северна Македонија.

Вицепремиерката во изјава за медиумите, се осврна на една од најискористените мерки во периодот на социо-економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид 19, субвенционирање на минималната плата во износ од 14.500 денари за секој вработен, за компаниите кои работат со загуби поголеи од 30%, во однос на месечниот просек за 2019 година и рече дека со оваа мерка се заштитени и задржани огромен број на работни места во државата.

„Секако дека во општина Кисела вода имаме компании коишто ја користеа мерката за поддршка за минималната плата и ги поттикнуваме да продолжат да ги задржуваат работниците и да останат отворени работните места. Преку оваа програма, Владата поддржа повеќе од 120.000 вработени, во повеќе од 22.000 компании во нашата држава и на тој начин зачувавме повеќе од 60.000 работни места отворени“, посочи вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

Таа по посетата на компанијата Мако маркет, домашна фирма која се занимава со производство и дистрибуција на прехрамбени и други производи, изрази задоволство што компаниите од прехрамбената индустрија и во услови на криза покажуваат солидни резултати во работењето. Таа дополни дека и за компаниите коишто работат со успех во време на коронакризата се креирани мерки, од третиот сет, кои ги поттикнуваат компаниите да реализираат нови инвестиции, а со тоа да се врати економската активност во државата со побрза динамика.

„Она коешто можев да го утврдам при посетата на компанијата Мако маркет е дека тие се во одлична кондиција независно од социо-економската криза којашто ја погодува нашата држава, дека тие инвестираат во континуитет и дека постојано се грижат за своите вработени. Тие не користат ниту една од владините мерки во моментот, затоа што имаат производство на храна и дистрибуција на храна и тоа е нешто коешто во периодот се троши. Но во секој случај тие понатаму инвестираат во свои производствени капацитети на свои продукти и токму затоа ние како влада имаме и посебна мерка за овој тип на инвеститори кои и покрај кризата вложуваат свои финансиски средства. Токму затоа ги повикувам сите компании коишто сметаат дека во наредниот период имаат капацитет за вложувања во своите компании, во производствените капацитети кои ги раководат, да се обратат со Министерството за економија да аплицираат за програмата којашто е директно за финансиска поддршка за инвестиции“, нагласи вицепремиерката Царовска.

Градоначалникот на Кисела вода, Филип Темелковски рече дека општината е мост помеѓу Владата и компаниите кои функционираат во рамките на општината. Тој дополни дека во изминатите неколку месеци, активно се информираа компаниите од Кисела вода за сите мерки коишто ги донесе Владата за што полесно економски да се премости оваа криза. Ведно упати јавна благодарност до сите општествено одговорни компании, кои во периодот на кризата и помагаа на општината во насока на побрзо и полесно надминување на актуелната состојба, особено на најранливите групи на граѓани.

„Благодарност до компаниите коишто излегоа во пресрет во изминатиот период со различни донации за нашата општина, пред се во средства за дезинфекција и прехрамбени производи за нашите најпогодени граѓани. Праќам еден апел до сите компании заедно да си помагаме во наредниот период, бидејќи само со заеднички труд ќе излеземе посилни од оваа ситуација, а нормално ќе ја разубавиме и нашата општина и ќе покажеме дека се грижиме за сите поеднакво. Апел до Владата и во иднина да биде тука за нашата општина. Пред се благодарност за сите инфраструктурни проекти коишто ги имавме во изминатите 2 ипол години. Се надевам дека и во иднина ќе продолжи со инвестиција во инфраструктурата пред се да создадеме многу подобри бизнис услови во нашата општина“,кажа градоначалникот Темелковски.

Текстот Царовска во посета на компании во Кисела вода: Со првите два сета мерки зачувавме над 60.000 работни места е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година