Утрински Весник
Македонија

Хуманитарни пакети за самохрани родители и жртви на семејно насилство од Куманово од МТСП

Хуманитарни пакети за самохрани родители и жртви на семејно насилство од Куманово од МТСП

Куманово, 13 мај 2020 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика  обезеди хуманитарни пакети за самохрани мајки и жртви на семејно насилство во Куманово кои ќе бидат дистрибуирани преку заедничка соработка на Центарот за социјални работи Куманово и Црвениот крст Куманово.

Во Куманово ќе бидат опфатени 31 самохрана мајка и десет жртви на семејно насилство на кои им се обезбедни по два прехранбени пакети и по два со хигиeнски средства и дезинфекција.

-Самохраните мајки се кориснички на гарантиран минимален приход и потекнуваат од урбана и рурална средина, додека жртвите на семејното насилство, исто така се евидентирани во Центарот за социјални работи Куманово, со кои е работено изминатиов период и преземени се мерки за нивна помош и заштита, изјави директорот на Центарот за социјални работи Куманово, Александра Арсовска.

Диструбуцијата, најавија, надлежните од Центарот почнува  од утре, а списоците се добиени од  МТСП.ам/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 11 лица на територијата на цела држава фатени со дрога

Турски државјани се тепале во Прифатниот центар за странци

Тринаесетгодишно дете повредено по пад од електричен тротнет