Утрински Весник
Македонија

Хуманитарна помош од „Класје на добрината” за социјално загрозените семејства од Кичево

Хуманитарна помош од „Класје на добрината” за социјално загрозените семејства од Кичево

Кичево, 6 април 2020 (МИА) – Хуманитарната организација „Класје на добрината“ од Кичево во координација со Општина Кичево денеска делеше хуманитарна помош за децата без родители и социјално загрозените семејства од кичевско.

Претставникот од „Класје на добрината“ од Кичево, Мухамед Мехмеди информира дека помошта се состои од прехрамбени продукти, хигиенски средства и по една вреќа од 25 килограми брашно,  наменето првенствено за децата без родители, но и за други социјално загрозените семејства.

– Се работи за донација од разни донатори, кои собраа средства за околу 200 семејства, кои ние како хуманитарна организација ги имаме во нашата евидеција за да им помогнеме и на оние кои немаат можност да готват во овие тешки времиња, рече Мехмеди.

Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари изрази благодарност до сите хуманитарни организации од овој град кои им помагаат на социјално загрозените семејства.

-Јас сум задоволен од соработката што ја имаме на ниво на нашата општина со сите чинители на координативното тело. До овие моменти за среќа во нашата општина немаме заразени со коронавирусот. Јас се надевам дека и во наредниот период добро ќе ја менаџираме ситуацијата и со божја помош ќе излеземе како општина и општество победници во борбата со оваа пандемија, рече Дехари. рз/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер