Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Хулијан Алварез се сели во Барселона

Хулијан Алварез се сели во Барселона
300x250 opst2

Еден од најталентираните аргентински фудбалери, Хулијан Алварез, ќе биде првото засилување за Барселона, во зимскиот преоден рок. Оваа вест ја потврдија аргентинската телевизија „ТНТ“ и новинарот Фабрицио Романо.

Претставници на Барселона од понеделникот се на преговори во Буенос Аирес. Тие успеале да се договорат со фудбалерот, кој одбил да го продолжи договорот со Ривер Плата.

Барселона сега треба да се договори со клубот околу обесштетувањето, кое во договорот на Алварез изнесува 25.000.000 евра. Каталонците се надеваат дека ќе можат да ја намалат сумата за 10.000.000 евра, од причина што напаѓачот влегува во последната година од договорот со клубот.

Алварез или како што го нарекуваат Аргентинците „Ла Арана“ (пајак), сезонава беше еден од најзаслужните што Ривер Плата ја вратија шампионската титула на „Монументал“. На 44 натпревари тој постигна 21 гол и забележа седум асистенции.



> Хулијан Алварез се сели во Барселона <

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг