Утрински Весник
Македонија

Приведен дилер од Гевгелија

Приведен дилер од Гевгелија

Во рамки на оперативна акција на полицијата во Гевгелија, вчера во попладневните часови уапсен бил 30-годишен дилер со иницијали И.Д.

Како што информираат од МВР, по претходно обезбедена судска наредба, во неговиот дом и помошни простории во Гевгелија и во автомобилот „фолксваген туран“ пронајдени биле прашеста материја, тврда материја, 11 таблети, 98 капсули, како и банкноти со остатоци од прашеста материја.

По целосно документирање на случајот, против 30-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Четврток и петок, 25/26 јуни повторно ни носат попладневен пороен дожд и грмежи

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме