Утрински Весник
Свет

Хоти најави извештај за присуство на српска полиција на Косово

Хоти: Нема да има поделба на Косово

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, најави наскоро дека ќе има детален извештај за ситуацијата во село Карачево, во кое, според наводите на пратеникот на Самоопределување, Мефаиљ Бајќиновци, се појавиле припадници на спрската полиција.

„Нашите граѓани во тој дел нема да останат без заштита од институциите. Нашите акции ќе бидат во согласност со Уставот и законите и ќе бидат координирани со сите безбедносни механизми во земјата“, напиша Хоти на „Фејсбук“, пренесе порталот „Коссев“.

Бајќиновци вчера објави видео од Карачево кај Косовска Каменица во кое, според него, се гледаат припадници на српската Жандармерија.

Тој ги повика косовските безбедносни институции итно да реагираат со цел заштита на граѓаните, суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во Хонг Конг