Утрински Весник
Свет

Хонгконг: Полицијата ги затвори квартовите, сите мора да се тестираат

Хонгконг: Полицијата ги затвори квартовите, сите мора да се тестираат

Хонгконг започна да ги „заклучува“ блоковите згради без предупредување, во контроверзната стратегија за спречување на ширењето на ковид, објави „Би-би-си“.

Во изминатите 10 дена, полициските одреди во Хонгконг започнаа блокада во стил на заседа, како што опиша „Би-би-си“, со затворање на улиците за да ги одделат зградите една од друга и нивните станари, принудувајќи секој да се тестира или да плати 645 долари.

Во вторникот, владата рече дека полицијата може да влезе во станови и насилно да ги евакуира луѓето доколку одбијат да бидат тестирани.

Владата на Хонгконг ја бранеше својата стратегија и рече дека ќе продолжи да го прави истото, и покрај критиките дека предизвикува вознемиреност и тревога кај граѓаните и изјави дека меѓу 10 000 тестирани пронашле неколку десетици заразени лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи