Утрински Весник
Спорт

Холанѓанец успеал да излаже четири клуба дека е фудбалер, на крајот заглави во затвор!

Холанѓанец успеал да излаже четири клуба дека е фудбалер, на крајот заглави во затвор!

Холандскиот аматерски „фудбалер“ Бернио Џордан Енцо Ферхаген е осуден за измама, напад, грабеж, закани и бегство од полиција, за што доби затворска казна од 15 месеци и депортирање од Данска откако се откри дека успеал да измами повеќе клубови од Јужна Африка, Чиле, Данска и Транснистрија да му понудат договор.

Приказната на Ферхаген почнува во малиот клуб ФЦ Динамо-Ауто во Транснистрија, непризнаената република која се отцепи од Молдавија. Од таму тој си заминал без да одигра натпревар, за потоа, да добие договор со чилеанскиот клуб Аудакс Италијано, каде што исто така имал нула настапи.

Потоа следувал трансферот во Виборг и тој и неговата чилеанска девојка Најарет Мучи се преселиле во Данска во октомври 2019 година. Тој на клубот му кажал дека бил на тестирање во клубовите Нествед и Рандерс, што било лага, а кратко потоа бил обвинет за киднапирање, а клубот почнал истрага.

Холандската федерација им потврдила на Данците дека тој нема верификувано трансфер надвор од земјата, но Виборг му дале договор бидејќи тој ги измамил дека го претставува промотерската групација „Стелар“, која работи со Герет Бејл, Мејсон Маунт и Џек Грилиш. Ферхаген неверојатно успевал да ги прикрие своите „фудбалски таленти“ со тоа што инсистирал дека се враќа од повреда и барал да има индивидуални тренинзи.

На 26 ноември, клубот му го поништил договорот и го пријавил во полиција, кои веднаш го уапсиле. Во декември тој успеал да избега додека бил пренесувам во суд, но истиот ден бил најден. Денеска данскиот суд му одреди затворска казна од 15 месеци по што тој ќе биде депортиран од земјата.

> Холанѓанец успеал да излаже четири клуба дека е фудбалер, на крајот заглави во затвор! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ рутински се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри

Француската триатлонка Богран го освои златото на Олимписките игри

Надал и Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир