Утрински Весник
Спорт

Бартомеу потврди: Новиот тренер на Барселона е Роналд Куман

Бартомеу потврди: Новиот тренер на Барселона е Роналд Куман

Како што се очекуваше, поранешниот фудбалер на клубот, Роналд Куман ќе треба да биде „јунакот“ кој ќе ја вади Барселона од криза, откако претседателот Жосеп Марија Бартомеу потврди дека Холанѓанецот ќе биде именуван како наследник на Кике Сетиен.

Куман веќе е пристигнат во Каталонија и ќе треба да го преземе клубот во бурниот период по 8:2 поразот од Баерн Минхен и најавите за големи промени во клубот, кои веќе почнаа со отказот за Сетиен и за спортскиот директор Ерик Абидал.

„Ако работите се движат како што треба, Куман ќе биде тренер на Барселона. Одиме со него поради неговото искуство, а тој беше дел од ’тимот на соништата’ и е човек кој верува во нашата филозофија. Пред пандемијата во јануари Куман ни кажа дека е посветен на холандската репрезентација до Европското првенство. Но, сега, тој е тука со нас. Сега е време на промени во клубот, бидејќи има фудбалери кои го комплетираа својот циклус“, изјави Бартомеу за „Барса ТВ“.

> Бартомеу потврди: Новиот тренер на Барселона е Роналд Куман <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја