Утрински Весник
Свет

Холандија за прв пат по Втората светска војна воведува полициски час

Холандија за прв пат по Втората светска војна воведува полициски час

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте изјави дека сака да го спречи третиот бран на коронавирусот, поради што ќе се воведе полициски час од 20:30 до 4:30 часот наутро. Ова е прв пат по Втората светска војна, холандската влада да предложи полициски час.

Руте рече дека полицискиот час ќе биде воведен веднаш штом одлуката биде одобрена во парламентот, пренесува холандската телевизија Нос. Тој додаде дека за време на полицискиот час, движењето на луѓето на улица ќе биде целосно забрането, со некои исклучоци, како што се работа или прошетка на кучиња. Казната за кршење на полицискиот час ќе биде 95 евра.

Руте исто така рече дека забраната за летови кон Велика Британија, Јужна Африка и Јужна Америка ќе биде воведена од сабота.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Едно лице загина, 10 се повредени откако автомобил удри во група луѓе во францускиот град Кан

Во сабота, Исланд ќе гласа за повторно отворање на преговорите за членство во ЕУ

160 загинати и близу 1000 исчезнати по поплавите во Непал