Утрински Весник
Спорт

Херта го бара Ковач за тренерската позиција

Ковач бара четири засилувања

Берлин, 13 февруари 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Баерн, Нико Ковач, може повторно да добие работа во Бундеслигата. Пред два дена Јирген Клинсман поднесе оставка на тренерската позиција во Херта. До крајот на сезоната екипата ќе ја предводи Александар Нури.

Во текот на летото, Херта сака да назначи нов тренер. Ковач е на врвот на списокот на приоритетни кандидати за клубот.

Четириесет и осумгодишниот Хрват е роден во Берлин. Играше за Херта во 1991-1996 и 2003-2006 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ