Утрински Весник
Свет

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот, a потоа им се губи секаков траг

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот, a потоа им се губи секаков траг

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно ширење на пожарот во пристаништето во Бејрут. Фотографијата е направена пред магацинот 12 во пристаништето во Бејрут, само неколку моменти пред експлозијата на амониум нитрат.

На фотографијата, чија автентичност е потврдена од „Дејли меил“, се прикажани пожарникарите пред масивната метална магацинска врата на која пишува „влез 12“ и на која има предупредување за опасни хемикалии.

Гувернерот на Бејрут рече дека екипата на пожарникарите кои биле во пристаништето исчезнала по експлозијата.Лицето кое што ги фотографило пожарникарите починало, а фотографијата е пронајдена во мобилниот телефон на жртвата. Фотографијата кружи по Твитер, каде многумина им одаваат почит на загинатите пожарникари.

Покрај тоа, на социјалните мрежи кружи видео од истиот дел од пристаништето, кое го прикажува складиштето во пламен пред експлозијата, а може да се потврди и неговата автентичност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Франција регистрираше повеќе од 14.000 пожари и над 400 апсења од почетокот на сезоната

Данската принцеза Изабела почна со воена служба

Речиси два милиони евра приходи за Кипар од царината за мали пратки од трети земји