Утрински Весник
Спорт

Хендерсон ја продолжува верноста кон Ливерпул

Хендерсон ја продолжува верноста кон Ливерпул

Ливерпул беше тивок во текот на летниот преоден рок, на „Енфилд“ дојде само Ибрахим Конате од Лајпциг за 40 милиони евра.

„Црвените“ минатата сезона имаа големи проблеми со повредени играчи, пред се со стоперите, па менаџерот Јирген Клоп рече дека летово морал да ја засили дефанзивата.

Пред почетокот на сезонава клубот работеше на продолжување на договорите на актуелните договори со првотимците.
Алисон Бекер, Вирџил ван Дајк, Фабињо и Трент Александер-Арнолд ги продолжија договорите, а по нив истото се очекува да го стори и капитенот Џордан Хендерсон.

Британските медиуми пишуваат дека Хендерсон ќе потпише тригодишен договор со опција за уште една дополнителна година.

Играчот од средниот ред на „Енфилд“ е од 2011 година, а со „црвените“ освои ПЛ, ЛШ, Лига куп, Суперкуп на Европа и Светско клупско првенство.

Беше прогласен за најдобар играч во Премиерлигата во сезоната 2019/2020.

Со овој потег Ливерпул продолжува да го држи тимот компактен ако се знае дека Садио Мане, Мо Салах, Роберто Фирмињо и Диего Жота имаат долгорочни договори.

> Хендерсон ја продолжува верноста кон Ливерпул <

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026