Утрински Весник
Магазин

Хелен Мирен ќе го води квизот „Хари Потер“

Хелен Мирен ќе го води квизот „Хари Потер“
Ss2

Холивудската ѕвезда Хелен Мирен ќе биде домаќин на квиз серија Harry Potter: Hogwarts Tournament of Houses по повод 20-годишнината на филмската сага.

Оскаровката изјави дека е пресреќна што ќе биде дел од програмата што ќе ја одбележи годишницата.

Img 5587

„Знаев дека некогаш ќе добијам улога во Хари Потер и многу сум задоволна што ќе учествувам во прославата на 20-годишнината на филмот,“ рече Мирен.

„Филмовите инспирираа таква волшебност и чудо за многумина од нас, и ќе биде вистинско уживање повторно да ја оживиме таа магија за безбројните фанови кои продолжуваат да уживаат во овој магичен свет“.

Квиз серијата првпат беше најавена во мај како дел од плановите на „Ворнермедија“ да ја одбележи годишнината од „Хари Потер и каменот на мудроста“, придружувајќи се на посебната ретроспектива. Серијата ќе има четири дела.

Ss1

Можете да прочитате

Најдобри градови за пешаци – 24info.mk

Совет на психолозите: Ако сакате да бидете посреќни наутро, практикувајте ги овие три навики навечер

Шишенце вода во Цирих чини четири ипол евра