Утрински Весник
Свет

Хајко Мас во карантин

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има Ковид-19.

Иако првиот тест на министерот покажа дека Мас е негативен, тој ја откажа планираната посета на Јордан, се наведува во соопштението на германското министерство, пренесува „Ројтерс“.

„Министерот за надворешни работи, Мас, беше ставен во карантин бидејќи член на неговото обезбедување беше заразен со Ковид-19“, се додава во соопштението.

Веста за Мас следуваше само еден ден по одложувањето на средбата на лидерите на ЕУ бидејќи претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, е во карантин поради контакт со лице заразено од коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик