Утрински Весник
Магазин

Хајди Клум без долна облека во смел фустан

Хајди Клум без долна облека во смел фустан

Таа редовно покажува изглед на висока мода за своите 8,9 милиони следачи на Инстаграм.

Но, Хајди Клум се истакна во понеделникот, кога приреди домашна модна ревија во многу смел жолт фустан на „Дандас“, без долна облека и со шлиц до небо.

Креацијата на модниот дизајнер Питер Дандас ја открива нејзината беспрекорна фигура и долги нозе.

48-годишната манекенка сподели забавено видео од својата модна ревија.

Во позадина се слуша Мерлин Монро со песната I Wanna Be Loved By You, саундтрак од класичната комедија Some Like It Hot („Некои тоа го сакаат жешко“).

„Ова е мојот нов омилен фустан“, напиша Хајди, означувајќи ги „Дандас“ и дизајнерот Питер Дандас, а подоцна сподели сет фотографии покрај видеото.

Можете да прочитате

СЗО: Горештините го зголемуваат ризикот од предвремено породување

Дневен хороскоп за 25 октомври: Време за искрени разговори и мали промени

Бојана Нушкова позираше во погребен ковчег и со црна долна облека