Утрински Весник
Магазин

Хари и Меган ќе ги загубат преостанатите кралски улоги пред крајот на „Мегзит“

По веста за претстојното интервју на Опра со принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, кралицата Елиазбета, наводно, се согласила дека војводата и војвотката од Сасекс треба да се откажат од нивните кралски покровителства.

Со оглед на тоа што војводата и војвотката од Сасекс треба да се појават во разоткривачко интервју за Опра следниот месец, британските весници забележаа дека специјалната емисија на „Си-би-ес“ ќе се емитува само неколку недели пред официјалниот крај на 12-месечниот договор меѓу кралицата и парот, попознат како „Мегзит“ – термин кој влезе во англискиот речник откако парот се повлече од кралските должности.

Фазата што беше утврдена во првичните услови на изјавата на парот за транзиција во пролет 2020, прецизира дека „ревидираната улога на војводата и војвотката од Сасекс ќе подлежи на 12-месечен преглед“, што се толкува како „безбедносна мрежа“ во случај да се предомислат или да имаат финансиски потешкотии далеку од кралското семејство.

„Фактот дека се согласиле на нивно прво интервју по Мегзит – а за кое се смета дека ќе се осврнат на нивната одлука да се откажат од кралските улоги – дополнително ги намалува сите сомнежи дека принцот Хари и Меган напредуваат со своето независно постоење,“ коментираат британски таблоиди.

Тие додаваат дека војводата, наводно, бил вознемирен од одлуката на кралицата дека парот мора да ги изгуби кралските покровителства.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Негодувања па овации за настапот на израелската претставничка Голан во Малме

Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евросонг

Диететичарка тврди дека едноставна навика го забрзува слабеењето