Утрински Весник
Сцена

Харисон Форд повторно предизвика воздушен инцидент

Харисон Форд повторно предизвика воздушен инцидент

Лос Анџелес, 30 април 2020 (/) – Против американската филмска акциона ѕвезда Харисон Форд е поведена истрага поради минатонеделниот инцидент којшто се случи на аеродромот Хоторн кај Лос Анџелес.

Американската Федерална воздухопловна администрација (ФАА) соопшти дека глумецот пилотирал со мал авион, при што му го пресекол слетувањето на друг авион. Раздалеченоста меѓу двата авиона притоа била околу 1.100 метра, па немало опасности од судир.

Форд преку својот адвокат се извини поради грешката и објасни дека тој всушност погрешно ги разбрал инструкциите од контролата на летање.

Ова не е прв ваков инцидент во кој Харисон Форд (77), се нашол, како пилот на свој приватен авион.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка