Луис Хамилтон смета дека неговата победа на вчерашното Турско ГП е важна не поради тоа што ја освои својата седма светска титула и се израмни со Михаел Шумахер, туку поради тоа што покажа дека тој заслужува почит бидејќи болидот сам не оди до победа.
Хамилтон стартуваше од шестото место и заврши на првото во Истанбул, со фантастична стратегија на тимот и минимални грешки.
„Сакам повеќе вакви викенди со вакви незгодни услови. На вакви шанси да покажам што умеам да направам. Мислам дека тоа треба да го видат и другите и повеќе да ме почитуваат. Моите ривали го прават тоа и знаат колку е тешко да се стигне до победа и дека не се работи само до силниот болид“, објаснува Англичанецот.
Тој посебно му замерува на Сер Џеки Стјуарт, откако трикратниот шампион честопати потсетува дека Хамилтон вози со најдоминатниот болид во историјата на Ф1.
„Забележувам интересни коментари, посебно од поранешните возачи. Но, ви ветувам, дека кога ќе сопрам и 10 години подоцна ќе ги гушнам следните млади возачи, како Лендо, Џорџ, Макс. Знам колку е тешка оваа работа и знам како функционираат работите. Секако, треба да имате добар тим и добар болид, бидејќи нема возач кој освоил титула а немал добар болид“, оценува Хамилтон.
> Хамилтон: Во Турција покажав дека е до мене, а не до болидот! <