Утрински Весник
Економија

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree
300x250 (7)

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии на предизвикот по повод „Денот на планетата Земја“

Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво.

Ss1

 

Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина. Фотографиите на Елмедина Елези, Константин Влахо, Мирјана Силјаноска, Ева Димоска и Елена Серафимовска Стојчевски, кои беа избрани за најинтересни и најкреативни, добија викенд во еко-ранчот на „Ванчо и Ранчо на Ката“ во Оморани. Сите фотографии што беа дел од предизвикот може да ги погледнете на страницата на Инстаграм на Халкбанк во делот #EcoYogaTree.

 

„Со овој предизвик, кој го организиравме заедно со Mastercard, сакавме симболично да ѝ дадеме оддишка на планетата Земја. Последните анализи во Британија покажуваат дека свеста и размислувањата на луѓето се променети во насока на нивно еко-дејствување. Целта на коалицијата е тоа размислување да го покренеме на глобално ниво. Токму затоа, со секоја трансакција на Mastercard донираме за поздрава иднина на нашата планета“, изјавија од Халкбанк АД Скопје.

 

Планетата Земја ни е една и единствена и само заедно може да ја зачуваме здрава за генерациите што доаѓаат. Овој предизвик е пример како со мал ангажман на секој од нас може да направиме повеќе за подигнувањето на свесноста за планетата Земја.

 

Халкбанк продолжува со активности како дел од коалицијата „Priceless Planet“ со Mastercard.

 

Дознајте како да се вклучите во следните активности со заследување на Халкбанк на социјалните мрежи.

(ПР-текст)

Ss1

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – 24info.mk