Утрински Весник
Магазин

Хали Бери откри дека нејзиниот прв бакнеж бил со другарка: Сакав да научам

Хали Бери откри дека нејзиниот прв бакнеж бил со другарка: Сакав да научам

На социјалните мрежи редовно ја документира својата блажена врска со пејачот и гитарист Ван Хант.

Но, Хали Бери минатата недела пропатува низ минатото во најновата епизода на својата Инстаграм-лајф серија Bad & Booshy, кога таа и ко-водителката Линдзи Флорес се навратија на нивните формативни први бакнежи.

54-годишната ѕвезда „Икс-мен ја изненади својата пријателка и стилист кога откри дека нејзиниот прв бакнеж бил со жена.

„Мојот прв бакнеж… беше девојка. Во тоа време имав момче по име Лашан Бојд и сакав да научам француки бакнеж“, се присети таа.

„Јас не знаев што е француско бакнување, па се договоривме со мојата најдобра другарка во тоа време да ми покаже, за да можам така да го бакнам.“

 

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Купола за автономен живот на Марс ќе биде претставена на првите вселенски игри во Русија

Италија предлага мерки против зависност од социјалните медиуми

Нов тренд кој го менува начинот на кој го започнуваме денот