Утрински Весник
Економија

Просечната нето-плата во декември 2020 се зголемила на 28.294 денари

Просечната нето-плата во декември 2020 се зголемила на 28.294 денари
300x250 (7)

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 28.294 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Според нивните податоци, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, изнесува 105.4.

Ваквото зголемување на нето-платата за 5,4 отсто во однос на декември 2019 се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (15,5 отсто), Рударство и вадење на камен (10,5 отсто) и Дејности на здравствена и социјална заштита (10 отсто).

300x250 (7)

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (14,4 отсто), Финансиски дејности и дејности на осигурување (12,5 отсто) и Рударство и вадење на камен (10,6 отсто).

Најниска просечна нето-плата од 20.264 денари е исплатена во дејноста „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“, додека највисока нето-плата од 56.998 денари имало во дејноста „Информации и комункации“.

Во делот на професии, најмногу приходи (нето-плата од 76.223 денари) носело компјутерското програмирање, консултантски и сродни дејности, додека заштитните и истражни дејности во дејноста „Административни и помошни услужни дејности“ во декември имале најниска нето-плата од 15.933 денари.

Инаку, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесувала 42.227 денари.

Извор: meta.mk

Ss1

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – 24info.mk