Утрински Весник
Спорт

Халанд за Ноер: 97 отсто од голманите ќе ги излажев, но не и овој човек

Халанд за Ноер: 97 отсто од голманите ќе ги излажев, но не и овој човек
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Норвешката напаѓачка атракција на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд признава дека Мануел Ноер го направил да се чувствува „пос.ано“ откако му одбрани клучна топка во вчерашниот суперкуп на Германија, кој Баерн Минхен го доби со 3:2.

Халанд постигна еден гол против Баварците, но на 2:2 имаше совршена шанса за гол, останувајќи очи-во-очи со Ноер, но искусниот голман беше подобар во битката.

„Пос.ано е чувството кога знаеш дека си требал да дадеш уште еден гол. Тој остана горе! 97 отсто од голманите во таа ситуација ќе одеа долу, и јас ќе постигнев гол, но не и овој човек. Секако, поразот боли бидејќи покажува каде е разликата меѓу најдобрите на светот и нас – тие ги ‘грабнуваат’ ваквите мечеви“, вели Халанд.

„Дер класикер“ не разочара – Баерн го доби трилерот со Борусија во суперкупот

> Халанд за Ноер: 97 отсто од голманите ќе ги излажев, но не и овој човек <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk