Утрински Весник
Македонија

Хакирана веб-страницата на Министерството за здравство

Хакирана веб-страницата на Министерството за здравство

Официјалната веб-страница на Министерството за здравство не функционира, а од таму соопштија дека станува збор за хакерски напад.

Од МЗ соопштија дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.

„Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот за што дополнително ќе информираме“, соопштија од МЗ.

Од синоќа не функционира ниту сајтот на Министерството за образование и наука, но од таму нема информација за што станува збор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани

Литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“