Утрински Весник
Спорт

Фројлер во Нотингем Форест

Швајцарскиот фудбалер Ремо Фројлер е нов играч на Нотингем Форест, соопштија од англискиот клуб.

dobivaj vesti na viber

Фудбалерот од средниот ред од 2016 година го носеше дресот на Аталанта од Бергамо, со која во 2020 година стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Фројлер неодамна ја обнови соработката со италијанскиот тим кој за трансферот ќе добие околу девет милиони евра.
За швајцарската репрезентација 30-годишниот Фројлер одиграл 46 натпревари, постигнал четири гола.

Нотингем Форест оваа сезона, по пауза од 23 години се врати во Премиер лигата.

Двократниот европски првак во првите две кола од Премиер лигата забележа пораз од Њукасл (2:0) и победа над Вест Хем (1:0).

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите