Утрински Весник
Спорт

Французите со епски камбек од 0:2 ја уништија Белгија за финале на Лигата на нации

Французите со епски камбек од 0:2 ја уништија Белгија за финале на Лигата на нации

Светските шампиони, Франција ќе се сретнат со Шпанија во финалето на второто издание на Лигата на нации на УЕФА, откако успеаја да се вратат од 0:2 на полувреме против моќната Белгија, за да стигнат до 3:2 победа на „Алијанц стадионот“ во Торино.

Белгијците имаа „атомски“ старт, откако Кевин де Брујне имаше две асистенции во само три минути, за 2:0 водство на полувреме. Тој прво го најде Јаник Караско во 37. минута за 1:0, за потоа и Ромелу Лукаку во 40. минута.

Меѓутоа, „триколорите“, уште актуелни светски шампиои, покажаа дека не се шегуваат. Карим Бензема покажа дека е мајстор во 62. минута, кога доби топка од Килијан Мбапе и намали на 1:2, за само седум минути подоцна да биде досуден пенал за Франција по фаулот на Тилеманс над Гризман, а Мбапе беше сигурен во реализацијата.

Белгијците сметаа дека го добиле мечот кога во 87. минута, Лукаку вторпат ја затресе мрежата, но голот беше поништен, пред ѕвездата на Милан, Тео Ернандез да постигне прекрасен гол, негов прв во дресот на Франција во 91. минута за голема победа.

> Французите со епски камбек од 0:2 ја уништија Белгија за финале на Лигата на нации <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина