Утрински Весник
Свет

Франција ја поздрави одлуката на ЕУ да не нарачува нови дози вакцина од „Астра зенека“

Макрон ги обвини Вашингтон и Лондон за блокирање на извозот на вакцини

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на Европската унија да не ја обновува нарачката за вакцини од „Астразенека“.

Макрон рече дека целта на политиката на ЕУ е да има одговор на новите варијанти на ковид-19.

„Гледаме дека некои други вакцини се поефикасни“, рече Макрон.

Комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, вчера изјави дека Комисијата на ЕУ нема да нарача нови дози од „Астразенека“ по јуни.

Пред две недели, ЕУ поведе судска постапка против фармацевтската група за наводно непочитување на условите од договорот.

Можете да прочитате

Поранешната канцеларка Ангела Меркел ќе учествува во изборот за германски претседател

Такер Карлсон: Трамп во наредните денови би можел да нареди нуклеарен напад врз Иран

Зеленски е подготвен за средба со Путин