Утрински Весник
Свет

Франција наскоро ги укинува маските и во затворено

Франција наскоро ги укинува маските и во затворено

Од 28 февруари, носењето маска за лице во Франција повеќе нема да биде задолжително во затворени простории каде се бара сертификат за вакцинација, освен во јавниот превоз, соопшти Министерството за здравство, истакнувајќи дека „здравствената состојба е подобрена“.

„ Потврдата за вакцинација ни овозможува, во ситуации каде што епидемискиот притисок значително опаднал, да ја укинеме обврската за носење маска во институциите што примаат повеќе луѓе, како што правевме пред овој бран“, рече министерот за здравство, Оливие Веран за АФП.

Носењето маска што повеќе не е задолжително на отворено од 2 февруари повеќе нема да биде задолжително во затворени простории за кои е потребен сертификат за вакцинација, односно во забавни објекти, ресторани, барови, саеми и слично.

Но, тоа сепак ќе биде задолжително во јавниот превоз и на места каде што не е потребен сертификат за вакцинација, се вели во соопштението на Министерството.

Втората отстапка, која е веројатно кон крајот на месецот, се однесува на системот за следење на луѓе кои биле во контакт со позитивно лице: тие ќе треба да направат само еден тест во иднина, не повеќе од три дена откако ќе бидат информирани дека биле во контакт со заразено лице.

А здравствениот протокол во училиштата треба да биде помалку строг по двонеделниот прекин кој, во зависност од провинцијата, трае од 12 февруари до 7 март, со укинување на маската кога часот по физичко образование се одржува на отворено, соопшти Министерството за образование. А бројот на самотестови за ученици кои биле во контакт со заразено лице ќе се намали од 28 февруари од три на еден.

Можете да прочитате

Гренел: УСАИД „непромислено“ трошеле пари на Западен Балкан

Ердоган: Историската посета на сирискиот претседател Ал Шара означува почеток на „трајно пријателство“

Во нападот во Шведска загинаа околу 10 лица