Утрински Весник
Свет

Франција воведува целосно заклучување во некои делови од земјата, меѓу нив и Париз

Франција воведува целосно заклучување во некои делови од земјата, меѓу нив и Париз
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Францускиот премиер Жан Кастекс нареди еден месец целосно затворање на Париз и на неколку други региони поради забрзаното ширење на коронавирусот.

Кастекс изјави дека поострите мерки се воведуваат поради забрзаното ширење на вирусот, а ден претходно соопшти дека Франција влегла во третиот бран на пандемијата.

„Дојде време да одиме понатаму со построги ограничувања, онаму каде што работите се најкритични“, рече францускиот премиер.

Се воведува општо затворање во 16 најтешко погодени департмани, од вкупно 101. Меѓу нив се Париз и неговата околина, како и делови од северот на земјата.

Новите мерки стапуваат на сила на полноќ.

Училиштата остануваат отворени, а на жителите исто така им е дозволено да вежбаат на отворено во радиус од 10 километри од нивниот дом. На Французите нема да им биде дозволено да патуваат во други делови на земјата без оправдана причина.

Франција во четвртокот имаше 35.000 новозаразени и 268 смртни случаи. Барем една доза од вакцината примиле околу 5,3 милиони жители, покажуваат официјалните владини податоци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Анонимен крипто-коцкар заработи 460.000 долари со апсењето на Мадуро

Канадскиот премиер: Само Данска и Гренланд можат да одлучат за иднината на Гренланд

Русија соопшти дека Венецуела треба сама да одлучи за својата судбина без странско мешање