Утрински Весник
Свет

Франција воведува полициски час, граѓаните ќе можат да излезат само на џогирање

Париз и Марсеј прогласени за ризични зони поради коронавирусот

Француските власти ќе ангажираат 12.000 полицајци кои ќе се грижат за почитување на мерките за време на карантинот и полицискиот час што се воведува во земјата.

Ноќниот полициски час ќе стапи на сила во Париз и во осум други градови во Франција од вечерва, што ќе влијае на околу 20 милиони граѓани. Сепак, ќе бидат дозволени одредени исклучоци, како што се џогирање и шетање на кучињата, јави Би-би-си.

Полицискиот час ќе важи помеѓу девет часот навечер и шест часот наутро и ќе важи најмалку еден месец. Рестораните, кафулињата и кината ќе можат да работат до 21 часот, а на иста маса ќе може да вечераат максимум шест лица.

За време на полицискиот час, граѓаните ќе можат да излегуваат надвор за џогирање и да ги носат кучињата на прошетка, но ќе им биде потребна дозвола. Предвидена е глоба од 135 евра за кршење на мерките, а за повторување на прекршокот, сторителите може да се соочат со казна затвор од шест месеци и парична казна од 3.750 евра.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела