Утрински Весник
Спорт

„Франс фудбал“ го облече Меси во дрес на ПСЖ

„Франс фудбал“ го облече Меси во дрес на ПСЖ

На само една пред големата пресметка во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Пари Сен-Жермен, францускиот фудбалски магазин „Франс фудбал“ на својата насловна страница го претстави Лионел Меси во дрес на францускиот клуб, најавувајќи пристигнување во престолнината.

Иако самиот Меси по желбата да го прекине договорот минатата година беше тивок околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата, две најверојатни дестинации покрај Барса остануваат Пари Сен-Жермен и Манчестер сити.

Магазинот „Франс фудбал“ пак, оди со повеќе анализи на тоа како би пристигнал Лео Меси на „Паркот на принцовите“, откако минатите недели слични пораки му праќаа и Анхел ди Марија, Нејмар, дури и спортскиот директор Леонардо, кој изјави дека „големи фудбалери како Меси секогаш се во планот на ПСЖ“.

Од Барселона, секако, на оваа уште една „провокација“ нема да гледаат со наклонетост, откако тренерот Роналд Куман побара „малку респект“ кон фудбалерот и кон Барселона.

> „Франс фудбал“ го облече Меси во дрес на ПСЖ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шпанија во полуфинале! Мерино повторно херој, Белгија елиминирана

Ѓоковиќ: Синер ме разнесе, беше многу подобар од мене

Франција прва обезбеди место во полуфиналето на Мундијалот