Утрински Весник
Економија

Фотографија од домашна туристичка дестинација на платформата „Дома си е дома“

Фотографија од домашна туристичка дестинација на платформата „Дома си е дома“

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Министерството за економија во текот на денешниот ден ја замени  фотографијата која е употребена на платформата „Дома си е дома“ (www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk ) преку која се реализира мерката за ваучери за туризам за граѓани со ниски приходи. Новата фотографија е од домашна туристичка дестинација.

-Фотографијата која е употребена на платформата „Дома си е дома“ е преземена со сите авторски права, а во текот на денов ја заменивме со нова фотографија од домашна туристичка дестинација, соопшти Министерството за економија.

Оттаму посочуваат дека низ целата промоција на мерката, преку оваа Платформа, акцентот бил ставен на промовирање на туристичките потенцијали на Република Северна Македонија.

-Платформата ќе биде доградена со нови податоци за капацитети и места каде нашите граѓани ќе можат да ги користат ваучерите за поттикнување на домашниот туризам, кадешто дополнително сите граѓани кои ќе одлучат да летуваат во нашата земја ќе можат да ги видат убавините на државата, потенцираат од Министерството за економија. вј/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот сектор во Македонија е безбеден, а политички банкротираната СДС и антимакедонецот Филипче мораме да ги разочараме

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта банка