Утрински Весник
Политички Партии

Форум на жени на СДСМ: Срамни беа вербалните напади кон градоначалничката на Тетово на денешниот протест

Форум на жени на СДСМ: Срамни беа вербалните напади кон градоначалничката на Тетово на денешниот протест
Ss2

Форумот на жени на СДСМ најостро го осудува говорот на омраза и вербалното родово базирано насилство за време на денешниот протест во Тетово.

„Го осудуваме говорот на омраза кон жените во политиката и кон сите жени воопшто, а овие вербални напади кон градоначалничката на Тетово, Теута Арифи е срамен пример. Очигледно дека опозицијата, коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, исто така ги злоупотребуваат чувствата на семејствата на трагично загинатите во политички цели“, се наведува во реакцијата.

Ss1

Во неа се нагласува дека политиканството на опозиција, навредите, вербално родово насилство и говорот на омраза насочен против жените се недозволиви.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт