Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Форумот на жени од СДСМ во Кичево додели 1 000 бесплатни маски на граѓаните

Форумот на жени од СДСМ во Кичево додели 1 000 бесплатни маски на граѓаните
300x250 opst2

Кичево, 23 мај 2020 (МИА) – Претставници на Форумот на жени и СДММ во Кичево, денеска за време на пазарниот ден во Кичево, им поделија бесплатни 1 000 маски на граѓаните за да се заштитат од пандемијата на Ковид-19.

-Здравјето на граѓаните општо и поединечно е грижа на сите нас. По тој повод денеска Форумот на жени при СДСМ во Кичево и СДММ поделија 1 000 заштитни маски со цел, заштита на здравјето на граѓаните и почитување на марките што ги спровела Владата на РСМ , рече претседателката на Форумот на жени од СДСМ во Кичево Дијана Савеска.

Таа додаде дека со оваа акција жителите на општина Кичево се потсетуваат дека здравјето е бесценето, и од тука апелираат до сите граѓани да се придржуваат до препораките, да не се движат без маска затоа што само така го штитиме нашето здравје и здравјето на другите, порача Савескa. рз/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник