Утрински Весник
Магазин

„Форбс“ ја оспори нето-вредноста на Канје Вест

„Форбс“ ја оспори нето-вредноста на Канје Вест

Богатството на раперот Канје Вест се најде под лупа поради извештаите дека тој е еден од најбогатите афроамериканци, а „Форбс“ неговиот имот го процени на 1.8 милијарди долари, што е доста помалку од 6.6 милијарди долари кои му се припишуваа во извештаите кои проструија неделава

Припишуваното богатство на славниот уметник (43), се појави како резултат на извештајот на „Блумберг“ дека неговиот бренд Yeezy („Јизи“) вреди помеѓу 3.2 и 4.7 милијарди долари, а дека тој поседува уште 1.7 милијарди долари.

Според новиот извештај на „Форбс“ од четвртокот, богатвството на Вест се зголемило од 1.3 милијарди долари во мај 2020 година на 1.8 милијарди долари.

„Форбс“ тврди дека банкарските изводи цитирани во бизнисите на Вест „се добро познати по тоа што прават идни проценки со најдобро можно сценарио“, и пордаи тоа, останува нејасно дали некоја од неговите модните линии ќе продолжи да прави пари.

„Форбс“ нотира дека линијата на патики „Јизи“ имаше 30% скок на приходите во 2020 година и предвидува дека ќе остане на тоа ниво во наредната година. Магазинот го оквалификува пристапот на Вест кон својата нето вредност како „див оптимизам“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста