Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен: ЕУ обезбеди вакцини за 70 отсто од возрасните

Фон дер Лајен: ЕУ обезбеди вакцини за 70 отсто од возрасните

Европската унија достави доволно дози на вакцина против коронавирус на земјите-членки за да се вакцинираат најмалку 70 проценти од возрасните, изјави шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа ги повика членките на ЕУ да ја забрзаат вакцинацијата и рече дека 500 милиони дози ќе бидат распределени низ Унијата до утре.

„Европската унија го одржа својот збор. Викендов доставивме доволно вакцини на земјите-членки за да можеме да вакцинираме најмалку 70 проценти од возрасните овој месец“, рече Фон дер Лајен.

„Но, Ковид-19 сè уште не е поразен. Подготвени сме да испорачаме повеќе вакцини, вклучително и онаа против новите варијанти“, рече таа.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд