Утрински Весник
Македонија

Владата ѝ даде на Општина Центар 8,3 милиони денари за реконструкција на „Адвокатската улица“

Владата ѝ даде на Општина Центар 8,3 милиони денари за реконструкција на „Адвокатската улица“

Владата одобри 8,3 милиони денари за реконструкција на „Адвокатската улица“ во Центар.

На денешната свечена церемонија што се одржа во хотелот Хилтон, градоначалникот Саша Богдановиќ го потпиша договорот за реализација на инфраструктурни проекти на локално ниво, согласно Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти во 34 општини и финансиски средства од Владата, во соработка со меѓународни финансиски институции, партнери и соработници што се насочени кон развој на општините.

„Ми претставува задоволство што денес ми беше доделен договорот за реализација на инфраструктурни проекти на локално ниво, проект што е финансиран од Владата на Република Северна Македонија. Соработката и поддршката со централната власт се успешен показател за развојот и јакнењето на инфраструктурата на општинско ниво и за реализацијата на проекти што се во интерес на граѓаните“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ

Средствата што ѝ се одобрени на Општина Центар се во износ од 8.300.000 денари, а ќе бидат наменети за реконструкција на „Адвокатската улица“, спроти судовите.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол