Утрински Весник
Магазин

Флавин без бурма 10 дена пред да поднесе барање за развод, Сталоне негира дека ротвајлер е причината

Се појавија фотографии на кои се гледа Џенифер Флавин без венчалниот прстен – направени повеќе од една недела пред да поднесе барање за развод од Силвестер Сталоне.

dobivaj vesti na viber

Фотографиите осамнаа на насловните страници на таблоидите, еден ден по веста дека Џенифер поднела барање за развод по 25 години брак.

Сталоне (76) ги демантираше гласините дека расправијата за купување куче-чувар ротвајлер всушност открила подлабоки проблеми.

Ѕвездата на класиците „Роки“ и „Рамбо“ за порталот „ТМЗ“ изјави дека тој и Џенифер (54) едноставно тргнале во различни насоки.

Флавин, која официјално поднесе барање за развод на 19 август, беше фотографирана додека излегува од ресторанот Крегс во Лос Анџелес на 8 август без прстенот.

Некои од гостите во ресторанот открија дека таа се обидувала да не ја препознаат на излезот и дека пријател ја покривал со нејзината јакна додека излегувале.

Што точно доведе до развод останува нејасно. Според анонимен извор на „ТМЗ“, работите одеднаш се влошиле кога парот се расправал за кучето-чувар што Сталоне го сакал, но Флавин не.

Можете да прочитате

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност

Избрана погрешна девојка на изборот за „Мис универзум на Хаити 2026“