Утрински Весник
Спорт

ФИФА И УЕФА: По изборите, ФФМ да направи промени во Статутот

ФИФА И УЕФА: По изборите, ФФМ да направи промени во Статутот

Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Европската фудбалска унија (УЕФА), испратле писмо до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во кое пишува дека статутарни промени и усогласувања со Законот за спорт треба да има, но тие ќе треба да се случат по изборите во ФФМ.

Минатата недела Агенцијата за млади и спорт отвори „фронт“ со ФФМ. Тие сметаат дека клубовите треба да го имаат мнозинството на делегати во Собранието на ФФМ. Според Агенцијата за млади и спорт, Статутот на ФФМ не е усогласен со законот за спорт.

„Во насока на нашата постојана комуникација, ФИФА и УЕФА ја подржуваат Фудбалската федерација на Македонија, Статутот да биде предмет на разгледување целосно откако ќе се одржи изборното Собрание на ФФМ и ќе биде избран новиот Управен одбор.

Согласно праксата на добро раководење, ФИФА и УЕФА силно препорачуваат нивните членки да не прават промени во нивните статути пред одржување на изборите, туку само потоа.

Иако датумот на изборното Собрание сеуште не е утврден, веруваме дека истото ќе се одржи навремено и во разумен рок. Целта на ревизијата на Статутот на ФФМ не е само во насока на усогласеност на истиот со Статутите на ФИФА и УЕФА, туку и во насока на усогласеноста со националното законодавство.

Веруваме дека ФФМ може да организира изборен процес независно и без влијание“, стои во писмото кое е потпишано од генералните секретари на ФИФА и УЕФА, Фатма Самура и Теодор Теодоракис.

> ФИФА И УЕФА: По изборите, ФФМ да направи промени во Статутот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига