Утрински Весник
Свет

Финскиот парламент го одобри предлогот за влез во НАТО

Финскиот парламент денеска го одобри предлогот за аплицирање за членство во НАТО, изјави претседателот на Парламентот, Мати Ванханен.

За предлогот гласале 188 пратеници, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Собраниската расправа се одржа во понеделникот и траеше 14 часа. Десет парламентарни работни тела, вклучително и комисии за надворешна политика и одбрана, веќе ја прифатија идејата.

Финската извршна власт, претседателот Саули Ниинисто и Владата одлучија Финска да испрати барање за влез во Северноатлантската алијанса, под услов тоа да биде прифатено од законодавниот дом и парламентот.

Можете да прочитате

Израел ги прогласи либанските територии јужно од реката Захрани за воена зона

Трамп: Ниту една држава нема да ја контролира Ормуска Теснина

Русија: Ако Ерменија го продолжи патот кон ЕУ, Ереван ќе плаќа поскапи енергенси