Утрински Весник
Свет

Финската влада првпат предложи целосен карантин во неколку градови

Финската влада првпат предложи целосен карантин во неколку градови
Img 5587

Владата на Финска денес предложи затворање на пет градови, вклучувајќи го и главниот град Хелсинки, за да се спречи зголемувањето на бројот на заболени со коронавирус.

Првото затворање на Финците во нивните домови е предмет на гласање во парламентот и проценка на комисијата за уставно право.

300x250 (7)

Владата ги затвори рестораните и средните училишта низ целата земја на почетокот на овој месец.

Нордиската нација со 5,5 милиони жители забележа вкупно 73.516 заболени и 811 смртни случаи. Таа е една од најмалку погодените земји во Европа.

„Ова се градовите со најтешка епидемиолошка состојба, но списокот може да се ажурира доколку се промени ситуацијата“, изјави за „Ројтерс“ Паиви Антикоски, шеф за комуникации во кабинетот на премиерот.

Жителите на овие градови ќе можат да ги напуштат своите домови само од итни причини, како што се набавка на храна или патување во друг дом. Непочитувањето на мерките ќе се казни со парична казна.

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема