Утрински Весник
Спорт

Финалето на Лигата на шампионите под знак прашалник

Познати сите двојки во втората квалификациска рунда на ЛШ

Лисабон, 26 јуни 2020 (МИА) – Последните 3 кола од сегашното издание на Лигата на шампионите, кои треба да се одржат помеѓу 12 и 23 август во Лисабон, се под знак прашалник поради новото избувнување на епидемијата на коронавирус во португалската престолнина.

Владата го врати карантинот за повеќето делови од таканаречениот „Голем Лисабон“. Мерката е потребна заради вознемирувачкиот бран на нови случаи на позитивни тестови во предградијата на градот.

Мерката сè уште не се однесува на центарот на Лисабон. Зафатени се 19 од 24 окрузи на „Голем Лисабон’. Во нив, луѓето ќе можат да ги напуштат своите домови само за основни потреби, како што се храна и лекови, како и да патуваат на работа.

УЕФА на 17 јуни потврди дека Лисабон ќе биде домаќин на финалето на новиот формат на Лигата на шампионите. Четвртфиналето, полуфиналето и финалето се очекува да се играат во Лисабон.

Финалето е предвидено да се одржи на стадионот „Да Луж“ на Бенфика на 23 август.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС