Утрински Весник
Спорт

Финалето во Истанбул, клубовите ќе добијат по 4.000 билети

Финалето во Истанбул, клубовите ќе добијат по 4.000 билети

УЕФА ја потврди одлуката, финалето во Лигата на шампионите, да се одигра во Истанбул и покрај тоа што Турција во моментов се наоѓа во „локдаун“, поради порастот на бројот на заразени со коронавирусот.

За титулата во Лигата на шампионите, на 29.мај на стадионот „Ататурк“, ќе се борат Манчестер сити и Челси.

УЕФА најави дека клубовите ќе добијат по 4.000 влезници за финалниот натпревар.

Целта на организаторот за финалето е да биде исполнет пола од капацитетот на стадинот, кој може да прими 75.000 луѓе.

„Локдаунот“ во Турција трае до 17.мај.

> Финалето во Истанбул, клубовите ќе добијат по 4.000 билети <

Можете да прочитате

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место