Утрински Весник
Култура

„Филхаромнија на отворено“ со камерни ансамбли

Осмо издание на „Виолин-фест“

Во среда, на 30 јуни, со почеток во 20 часот, во дворот на Министерството за култура ќе се одржи камерниот концерт од серијата настани „Филхармонија на отворено“.

Во рамки на концертот ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија со своите камерни состави.

На програмата дела од Чејс, Премру, Дебиси, Убер, Сен-Санс, Ловленд и Шостакович, а ќе настапат трио тромбони ( Бранко Илиевски, Никола Ристевски и Александар Ниниќ), Скопски брас квинтет (Стефан Илиев – труба, Вилијама Баракоски – труба, Благоја Василевски -хорна, Никола Ристески – тромбон и Александар Ниниќ – тромбон), Александра Чуруковска (контрабас), Филип Петрески (хармоника), Маријана Николовска на пијано, Ева Богоеска (виолина) и Марија Трајковска (виолина).

Текстот „Филхаромнија на отворено“ со камерни ансамбли е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“